Новости

16/10/2015 АНТИФРИЗ ZXZ
Категорија : НОВИ МАРКИ

Почитувани колеги,
Во продажната мрежа на ЕВРО 07 може да најдете антифриз и течност за брисачи (летна и зимска), со трговска марка ZXZ. ZXZ е сопствена трговска марка на ЕУРО 07. Антифризите ZXZ се произведени во согласност со меѓународните стандарди за квалитет и безбедност. Антифризот ZXZ ги задоволува најстрогите барања на производителите на мотори во автомобилската индустрија.
Палета на антифриз ZXZ, вклучува:
Антифриз ZXZ – пакување од 1 и 3 литри - Антифриз концентрат. Боја: син. Обезбедува заштита од корозија и акумулација на бигор. Производот се користи по разредување со дестилирана вода, според посакуваното ниво на заштита. При разредување почитувајте ги пропорциите наведени на пакувањето. Спецификација за BS 6580.
Антифриз ZXZ G12 – пакување од 1, 4 и 20 литри - Антифриз концентрат. Боја: црвена. Не содржи борати, фосфати, силикати, амини, нитрити и нитрати. Може да се користи без ограничувања за мотори со алуминиумски, леано железо разладни системи и комбинирани системи со алуминиум или бакарни легури. Обезбедува одлична заштита од корозија и акумулација на бигор. Производот се користи по разредување со дестилирана вода, според посакуваното ниво на заштита. При разредување почитувајте ги пропорциите наведени на пакувањето.
Антифриз ZXZ G12 +, пакување од 1 и 4 литри - Антифриз концентрат. Боја: виолетова. Не содржи нитрити, борати, фосфати и силикати. Погоден за најсовремени системи за ладење. Има исклучително долг живот - до 5 години. Може да се меша со антифризи, кои не содржат силикати, како и со G11 и G12 антифриз. Обезбедува одлична заштита од корозија и акумулација на бигор. Производот се користи по разредување со дестилирана вода, според посакуваното ниво на заштита. При разредување почитувајте пропорциите наведени на пакувањето.
Повеќе информации за антифризот ZXZ може да добиете од Вашиот трговски претставник или во најблискиот објект на "ЕВРО 07" Македонија.