Новости

24/09/2015 АКУМУЛАТОРИ BANNER ВО ОБЈЕКТИТЕ НА ЕУРО 07
Категорија : НОВИ МАРКИ

BANNER е фамилијарна компанија од Австрија специјализирана во производство на акумулатори и е еден од најголемите производители во Европа. Компанијата ја започнува својата дејност во 1937 г и повеќе од 70 години успева да одговори на барањата на своите клиенти и да понуди најдобар избор за акумулатор. Акумулаторите BANNER ги докажаа своите квалитети и сигурност во студените делови на Скандинавија и во најжешките делови на Африка.
BANNER произведува стартер батерии за најголемите производители на автомобили како AUDI, BMW, MERCEDES, PORSHE, VOLVO, VAG.
Со продажба од 3,85 милиони акумулатори за финансиската 2012/2013 година BANNER се докажува како еден од најголемите производители на акумулатори за автомобили, мотоцикли, камиони и земјоделска механизација во Европа,.
Автомобилските производители вложуваат повеќе на т.н. микро-хибриди - комбинација од максимално оптимизиран мотор со внатрешно согорување со функција СТАРТ/СТОП и делумно враќање на  енергија кон акумулаторот (обновување). Новите технологии за производство на ваков тип акумулатори се AGM и ЕFB.
ВANNER произведуваат и акумулатори по најновите технологии AGM и EFB кои имаат продолжен работен век и отпорност кон оптоварувања од патување на кратки растојанија, честото запирање при возење во градски услови, дополнителната потрошувачка од системите за удобност во автомобилите – независно греење, аудио системи, надворешно осветлување. При EFB (Enhanced flooded battery) акумулаторите електролитот е течен, плочите се задебелени и се обвиткани со полиестер. Обвивката од полиестер обезбедува задржување на активниот материјал на плочите што обезбедува висока отпорност на цикличност. Овие акумулатори можат да се користат и при стрмнини до 55 степени.
BANNER произведува 7 типа стартер батерии со кои успева да одговори на побарувачката на пазарот и да понуди квалитетен и сигурен производ.
BANNER POWER BULL – Акумулаторите POWER BULL се производ, кој се поврзува со квалитетот на BANNER. Технолагијта CA/CA за поголема моќ, заштита против истекување "Двојно обложен", подобрена заштита против инверзно палење ги докажуваат предностите и надежноста во акумулаторите POWER BULL.
BANNER STARTING BULL   – Акумулаторите STARTING BULL се со докажан квалитет, сигурни и со добра цена. Покрај технологијата CA / CA за намалувањето на потребата од сервис новите акумулатори STARTING BULL се со подобрена заштита против истекување.
BANNER BUFFALO BULL – Акумулаторите BUFALLO BULL за наменети за сите камиони, автобуси, земјоделска механизација и градежни машини и служат како за стартување на моторот така и за напојување на вградената мрежа.