Новости

26/06/2015 СВЕЌИЦИ DENSO.
Категорија : НОВИ МАРКИ

Почитувани клиенти,
Во продажната мрежа на ЕВРО 07 веќе, може да најдете  и свеќици DENSO, како конвенционални, така и високо технолошки DENSO Iridium свеќици.
Долгиот живот на свеќиците бргу се претвори во стандард за денешните технолошки напредни мотори со DENSO Iridium. Наменети за модерната генерација на бензински мотори, тие имаат работен живот од над 100 000 км. Со централна електрода направена од специјална легура иридиум и со користењето на револуционерен нов процес за 360 ° ласерско заварување,  DENSO ги  надминаа технолошките бариери на свеќиците. Дизајнирана за издржливост во повеќето екстремни услови, DENSO Iridium е многу поотпорна во споредба со стандардните Platinum технологии. Со DENSO Iridium, ќе уживате во повеќе коњски сили, побрзо и лесно стартување, помалку прекини при палењето, дури и при поголемо оптоварување, и секако заштеда на гориво!


DENSO Iridium е свеќица за оригинално вградување во високата класа на автомобили на производителите како GM, Toyota, Honda и Mitsubishi. DENSO Iridium е свеќица, различна од сите достапни на пазарот денес.


Повеќе информации за свеќиците DENSO, може да добиете во продажната мрежа на ЕВРО 07 или од вашиот трговски претставник.