Новости

11/06/2015 АКУМУЛАТОРИ ZXZ
Категорија : НОВИ МАРКИ

Евро 07 го проширува својот асортиман со нов производ. На нашиот пазар пристигнаа акумулаторите ZXZ . Акумулаторите ги задоволуваат современите европски стандарди (EN60095). Нивниот квалитет е резултат на повеќегодишното искуство во производство на акумулатори и постојаното усовршување на технологијата. Производството на ZXZ стартните акумулатори се заснова на принцип на Ca/Ca технологијата која го продолжува работниот век на акумулаторите и го унапредува вентилациониот систем на ќелиите заради сигурно и безбедно користење. ZXZ се акумулатори чија безпрекорна работа во текот на целиот работен век, без одржување, е загарантиран со фабрички стандарди, материјали и електролити.