Ремени

Ременскиот погон, како дел од моторот со внатрешно согорување, служи за синхронизација на ротацијата на коленестото вратило и на брегастата осовина (ребрастиот ремен) така да вентилите на моторот се отвораат и затвораат во вистинско време во всисните и издувните циклуси на секој цилиндар. Исто така и за ротација на помошна опрема (клинест, канален ремен) како алтернатор, пумпа за вода, компресорот за климатизација и др. Кај повеќето современи автомобилски мотори се користи ременскиот погон, бидејќи од една страна како компонента се полесни, поевтини и работат тивко, од друга се совршено решение кај сложените придвижувања, при што се заштедува драгоцен простор.

 Палетата на ЕУРО 07 вклучува:
- Ребрасти ремени;
- Клинести ремени;
- Канални ремени

 Производите понудени од ЕУРО 07 се со квалитет во согласност со условите за квалитет на оригинални делови.

Брендови