Филтри

Изборот на филтрирачки елементи во современите автомобили се од суштинско значење. Модерните технологии кои се користат во производството на филтри за масло, гарантираат нивна правилна работа при зголемени интервали на замена, најчесто при употреба на ниско вискозитетни моторни масла, како 0W-, 5W-.
Воздушните филтри обезбедуваат оптимална апсорпција на воздухот, зачувувајќи стабилни карактеристики во текот на целиот работен интервал.
Филтрите за гориво доловуваат дури и микроскопски загадувачи (талог, 'рѓа и др.) во горивото и го продолжуваат животот и сигурноста на системот за гориво.
Филтрите за кабина обезбедуваат сигурна заштита на внатрешниот простор на возилото од непожелни нечистотии. Тие штитат од појава на симптоми на замор, алергиски реакции и ја подобруваат целокупната удобност во возилото за време на патувањето.
Евро 07 нуди исклучително широк спектар на високо квалитетни филтри (масло, гориво, воздух, филтери за кабина) за патнички и комерцијални возила.

Брендови